За нас

Лагуна-ком ДООЕЛ од Скопје, е приватна компанија која е основана во 2000 година. Нашата дејност е увоз и дистрибуција на производи од италијански, германски и француски   производители.

Ексклузивни претставници и дистрибутери сме на козметиката Deborah и Debby од Милано, Италија, како и други брендови од Rudy Profumi како Body Care, Hair Care. Имаме и Italwax восоци за депилација и други додатоци за депилирање. Bella Oggi со декоративна козметика и сетови за шминкање.

Во нашиот асортиман, можат да се најдат и производи од Panther group, Франција за нега на тело од линијата Cottage.

За професионалните шминкери имаме професионален бренд Kryolan од Германија, за професионална шминка, театарска и филмска шминка, за фотографија и видео.
DEBORAH линијата опфаќа производи како :

  • декоративна козметика (течни пудри, сенки, кармини, сјаеви, лакови и сл.)
  • препаративна козметика – вклучува производи за нега на лице и тело.

DEBBY линијата , која првенствено е наменета за тинејџери, е со квалитет кој не ограничува само на тинејџерската популација, туку овозможува и поширока употреба.

Rudy Profumi е производител на три бренда од нашиот асортиман:

  • BODY CARE е линија за нега на тело и
  • HAIR CARE е бренд кој во својата палета нуди кристали за коса, како и маски за нега на коса.
  • NATURE & AROMA линија за тело со гел за туширање, купка и спреј за тело

Italwax брендот има опширна понуда на производи за депилација за работа на салони како и за лична употреба. Производи направени во консултација со козметолози за оптимален комфор при употреба. Линија со восоци, топилки за восок, лосиони за после депилација и други додатоци.

Panther group, со линијата Cottage е разновидна од купки за тело, лосиони и млека до пилинзи и течни сапуни. Производите се достапни во голем број мирисни ноти.

Kryolan со разновидните производи во својата понуда, излегува во пресрет на театрите, филмската продукција, фотографите и за секој кој сака шминка со висок квлаитет. Вештачка крв, производи за специјални ефекти, декоративна козметика и многу производи за секакви потреби.

Нашето долгогодишно присуство на македонскиот пазар е знак за нашето искуство во работата од овој домен. Нашите производи можат да се најдат во голем број на парфимерии, веледрогерии ,аптеки, салони за убавина. Дел од асортиманот е застапен и во поголемите маркети. Лагуна-ком ДООЕЛ има и дистрибутивна мрежа за сите градови во Република Македонија.

http://www.deborahmilano.com/it/makeup

http://www.debbyexperience.com/

https://global.kryolan.com/

http://cottage.tm.fr/

http://www.bellaoggi.com/index.php?lang=en

http://www.rudyprofumi.it/http://www.italwax.it/en/

За нас 22/11/2016