СВЕТСКИ ПОЗНАТИ БРЕНДОВИ ЗА УБАВИНА

DEBORAH MILANO

ИТАЛИЈАНСКА СТРАСТ ЗА УБАВИНА

Deborah Milano ја инјектира италијанската совршеност во светот на козметиката од 1962 година. Производите на фирмата комбинираат страст за убавина, внимание на детали и прецизност. Со повеќе од 50 години на искуство и ентузијазам, заедно со неколку генерации на брендот, може да има само еден резултат – совршена козметика.

Deborah Milano се гордеат со својот дизајн на производи. Тие се дизајнирани секогаш да бидат лесно препознатливи. Нивните специфични форми ве тераат да ги допрете. Нивниот козметички опсег има уникатно чувство на боја – индивидуалните нијанси се лесни за носење и добро се комбинираат едни со други. Квалитетот, достапноста и следењето на најновите трендови во светот на убавината придонесоа брендот брзо да стане еден од лидерите на италијанскиот пазар. Денес можете да го најдете во повеќе од 50 земји во светот.

ITALWAX

ВОСОК И ПРОИЗВОДИ ЗА ДЕПИЛАЦИЈА

Italwax нуди професионална козметика за депилација произведена во согласност со модерната и класична италијанска формула, под строг надзор на приватна лабораторија во Милано.

Сите Italwax восоци имаат висока лепливост , што ја прави процедурата за отстранување на влакна најефикасна, брза, безбедна и релативно безболна.
Линијата е создадена според индивидуалните преференции на козметолозите, поради што секој специјалист може да добие свој индивидуален сет на производи за подготовка на кожата за депилација и завршување на постапката.

KRYOLAN

ШМИНКАТА Е НАУКА

KRYOLAN производите за шминка на лице се композиција на состојки кои се посебно добри за кожата. Дерматолошките тестови ја потврдуваат нивната неверојатна компатибилност со секоја кожа.

Искусни експерти ги имаат специјално креирано пудрите и крем шминката, коректорите, базите и моливите, посебно оние за работа на филм, ТВ, видео и фотографија. Каков ефект и да е потребно да се постигне, за каква и да е потреба, овие производи се незаменливи.

GLAMCOR
ПРОФЕСИОНАЛНО СВЕТЛО ЗА САЛОНИ
GLAMCOR е компанија за осветлување водена од логика која ја спојува врвната технологија со елегантна естетика за дизајн.

Од самиот почеток ги решаваат предизвиците за уметниците и  професионалците чија врвна работа зависи од најдоброто и наквалитетно осветлување.

Во раните 2000-ти, основачот и извршен директор на GLAMCOR, Ерик А. Кајзер, забележал дека никаде на пазарот нема стандардизирано висококвалитетно, преносливо и издржливо осветлување.

Затоа, од 2010 година, верни на неговата основачка визија – GLAMCOR стана водечки светски бренд кој дизајнира и произведува генијални производи со осветлување наменети за занаетчии.

Луѓето во 85 земји кои користат производи на GLAMCOR – од шминкери до ТВ продуценти и изведувачи до уметници за тетовирање – го сакаат ова едноставно, издржливо, интуитивно осветлување бидејќи им дава моќ да ја покажат својата работа во најбрилијантното светло.

ARCAYA
ТАЈНАТА НА УБАВИНАТА
ARCAYA нуди идеална рутина за нега на кожа за жени од сите возрасти насекаде низ светот. Производите се дизајнирани како решавачи на проблеми и специјализирани решенија за насочена нега.

Брзата и совршена ефикасност постигната преку високи концентрации на активни состојки е особено важна за ARCAYA. Фокусот е секогаш на квалитетот на производите а се работи со големо внимание и се користат само чисти биолошки состојки.

Долгогодишното искуство и независните контроли гарантираат дека овој стандард за висок квалитет никогаш не се откажува.

WIMPERNWELLE
ПРИРОДНО ИСКРИВЕНИ ТРЕПКИ И УБАВО СРЕДЕНИ ВЕЃИ
WIMPERNWELLE e професионален германски бренд со препарати изработени на природна база за обликување на веѓи и трепки..

Атрактивен природен изглед и совршен поглед можете да постигнете само со примена на продуктите на Wimpernwelle.

Нема оштетување на трепките и веѓите..

Со WIMPERNWELLE вашите трепки може да бидат благо или целосно завиткани

MAX 2 ORIGINALE
ЕКСТЕНЗИИ ЗА ТРЕПКИ И ДОДАТОЦИ
Главен оригинален производител и снабдувач на екстензии за трепки, лепила, други релативни материјали за екстензии на трепки.
NAIL ARTISTS
ЕКСКЛУЗИВНИ. КРЕАТИВНИ. ИНОВАТИВНИ.
Nail Artists е германски бренд за професионални производи за изработка на нокти.

Брендот располага со професионални производи за изработка на сите техники на нокти, како и за додатоци за изработка на nail art, професионални УВ лампи, четки, турпии, електрични турпии, бришачи, торби, масла за кутикули, типсови.

Професионалците го препознаваат брендот по висококвалитетните производи за работа како и по иновативноста и креативноста на истите.